Декларација

ИГФ МК (МКД) – “Форум за управување со интернетот Македонија“ е отворен, инклузивен и неформален простор за дијалог за прашањата на управувањето со интернетот “ Internet Governance “, помеѓу сите засегнати чинители во македонското општество , владата, пратениците, приватниот сектор, граѓанското општество, техничката, заедница, образованиетo, медиумите, крајните корисници, итн. Целта на форумот е подигнување на свеста и промовирање подобро на разбирање на “управувањето со интернетот“, изградба или зајакнување на капацитетот на овие чинители активно да учествуваат во националните процеси за интернет управување, олеснување на дискусијата, размената на мислења и соработката за прашањата поврзани со Интернетот а кои се од особен интерес на национално ниво, овозможување на сите заинтересирани чинители да учествуваат како еднакви односно рамноправни и да се придонесе во создавањето и одржувањето блиски врски со регионалните (http://www.seedig.net/) и пан-европски (https://www.eurodig.org/) процеси и процесите на глобалната интернет заедница за прашањата на управување со интернетот – Internet Governance во поширока смисла на зборот.
(http://www.intgovforum.org/multilingual/)Националната иницијатива ИГФ MKД треба да придонесе за подигање на јавната свест и промоција на т.н. “multistake holder“ пристапот на сите или на повеќето засегнати чинители, како нова форма на партиципативната демократија односно поттикнување на дијалог помеѓу сите засегнати чинители.Овој “мултистејк холдер“ пристап или “ ангажирање на сите засегнати чинители“, треба да влијае на природата на управувањето со интернетот во Македонија и да создаде кооперативни модели на “регулирање“.
Форумот за управување со интернетот Македонија ИГФ МКД е во насока на решавање на прашањата како што се слободниот пристап, инфраструктурата, квалитетот на услугите, локалните содржини и локални апликации, сајбер безбедноста, политиките и регулаторна средина, балансирана родова застапеност, итн… преку доведување на различните засегнати чинители на една платформа за широка дискусија за предизвиците со кои се соочуваат и преку дискусиите да предлагаат решенија. ИГФ МКД исто така стреми да се идентификуваат локалните проблеми и да се предложат решенија преку обезбедување можност за јакнење на капацитетите на младите луѓе, да се идентификуваат нови проектни идеи во соработка со локални и меѓународни експерти и споделување на знаења и искуства и да се помогне во создавање на широка платформа за расправа за прашањата на ИГ.

ИГФ МКД ќе функционира како процес кој вклучува најмалку еден годишен состанок со поврзани подготвителни активности како и меѓу активности, вебинари и анкети. Овој процес ќе се планира и ќе се спроведува на принципот “bottom up“ – оддолу-нагоре, на отворен и транспарентен начин.

Членството треба да е во постојано зголемување и проширување и сите заинтересирани се добредојдени да се приклучат во секое време.

Координација на активностите ИГФ МК(Д) ќе се спроведува од страна на координативното тело, исто така составено од представници на (најмалку три) засегнати чинители според “multistake holder“ моделот на управување.

Националниот ИГФ процес нема да донесува одлуки, но ќе се обиде да влијае на оние кои ја имаат таквата моќ.

Отворените дискусии за време на состаноците треба да рефлектираат во клучни пораки, во конципирање на главни правци, можни цели и предлози за идни конкретни активности. Овие пораки пак треба да помогнат, да информираат и да влијаат врз процесот на донесување одлуки во рамките на владините тела, националниот парламент, приватните компании, образовните институции, регионални организации, итн.

Основни принципи на ИГФ МКД:

  1. Принцип на отвореност и транспарентност,
  2. Принцип на инклузивност,
  3. Принцип на работа оддолу-нагоре, (bottom up)
  4. Принцип на работа со сите засегнати и повеќето засегнати чинители , (multistakeholder) и
  5. Не-комерцијален принцип

ИГФ МКД е инспириран од глобалниот процес на IGF UN и една од неговите стремежи е одржување на блиски врски со нив, со цел создавање на синергии меѓу локалните искуства и предизвици во управувањето со интернетот со дискусиите кои се одвиваат на регионалните, пан-европските и глобалните процеси, EuroDIG, SEEDIG, и глобалниот IGF. Гласот и ехото на националната иницијатива, ИГФ MKД ќе се стреми да ги пренесе на глобално ниво низ дискусиите на SEEDIG Форумот за интернет управување, како придонес од интернет заедницата на Југоисточна Европа. На европско ниво, синергија ќе се создаде помеѓу процесите на SEEDIG и EuroDIG. Глобалниот процес на IGF во текот на годините идентификуваше широк спектар на прашања кои треба да се разгледуваат, и решаваат од страна на меѓународната заедница. Глобалниот IGF исто така не донесува одлуки ниту креира било какви обврзувачки документ. Неговата важност е во неговата способност да го олесни дискурсот меѓу владите, меѓувладините организации, приватните компании, техничката заедница, образовните институции и граѓанските организации кои се занимаваат или се заинтересирани за интернетот и “политиките“ поврзани со управувањето на интернетот на глобално ниво.
Глобалниот IGF на годишните средби расправа по предложените регулаторни рамки, потенцијалните ризици, глобалните трендови, како и најдобрите и најлошите искуства. Од учесниците на форумот, исто така, се оценува влијанието на договорите, препораките и други документи усвоени во разни меѓународни тела во рамките на екосистемот на управувањето со интернетот.

Конкретни цели на Глобалниот IGF

  • Подигнување на свеста, градење на капацитетите и подобро разбирање за прашањата поврзани со управувањето со интернетот “internet governance” меѓу засегнатите чинители и нивните заедници;
  • Олеснување на дискусијата помеѓу различните чинители и размена на идеи и мислења;
  • Активно поттикнување на различните чинители на соработка,
  • Преставување на перспективите на Националните или Регионални иницијативи (NRI’s) заедници на глобалната агенда на Форумот каде и кога е потребно!