ИГФ МКД

Форум за управување со интернет на Северна Македонија

ИГФ МКД – „Форум за управување со интернетот на Северна Македонија“ е отворен, инклузивен и неформален простор за дијалог за прашањата на управувањето со интернетот „Internet Governance“, помеѓу сите засегнати чинители во македонското општество, владата, пратениците, приватниот сектор, граѓанското општество, техничката заедница, образованието, медиумите, крајните корисници итн.   Целта на форумот е подигнување на свеста и промовирање подобро разбирање на „управувањето со интернетот“, изградба или зајакнување на капацитетот на овие чинители активно да учествуваат во националните процеси за интернет-управување, олеснување на дискусијата, размената на мислења и соработката за прашањата поврзани со интернетот